Ова е моментот поради кој Барселона е бесна на судиите, се согласувате ли со Каталонците? (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Барселона е огорчена од судењето на Шимон Марчињак во синоќешниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, а Полјакот е особено критикуван што не реагирал веднаш пред голот што го спаси Интер од пораз и испаѓање во третата минута од судиското продолжение.
Имено, Интер напаѓаше во тој момент, но играчот на Барселона, Жерар Мартин, пресретна додавање кое се упатуваше кон опасната зона каде што беше Дамфрис.
Another footage of the foul on Gerard Martin
FIFA and UEFA were never going to let a team not in the Club World Cup win the UCL pic.twitter.com/Eks28twqCv
— Brian (@Bri_an2) May 6, 2025
Фудбалерот на Интер, веднаш стартувапе со десната нога на левата нога на Мартин додека играчот на Барселона ја имаше топката, а потоа падна очекувајќи прекршок. Сепак, Марчињак не досуди ништо, па во продолжението на акцијата Дамфрис центрира пред голот каде што Франческо Ачерби постигна гол за 3:3, делириум на трибините и продолжение. А, во продолженијата, Фратези постигна гол за 4:3 и пласман на Интер во финале.



