Други спортови
Ова е веќе претеризам, свирежи за Ѓоковиќ од публиката дури и за ова (ВИДЕО)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Ролан Гарос откако без поголеми проблеми го совлада Пјер-Иго Ербер (6:4, 7:6, 6:4), кој одигра на повисоко ниво од она на кое сме навикнати.
— Mariel (@malasirena111) May 29, 2024
Локалниот тенисер уживаше во поддршката на навивачите од трибините, но во еден момент стана дури и одвратно, бидејќи поединци на трибините почнаа да слават за грешките на Ѓоковиќ – и не само тоа. Во последниот гем од мечот, кога Ѓоковиќ со „брејк“ се обидуваше да победи против Ербер, многу грубата публика на стадионот „Филип Шатрије“ дури и го исвирка Ѓоковиќ кога тој падна на земја. Во обид да стигне до топка, на Ноле му се лизна стапалото и тој заврши на земја, а кога отиде да се избрише се слушнаа свирежи!?
На публиката и пречеше тоа што Ѓоковиќ направи пауза од десет секунди за да се увери дека е добро и со крпа ја избриша нечистотијата од колената и кошулата, но и тоа беше проблем… Погледнете ја реакцијата!