SportM
Ракомет

Ова се противниците на Еурофарм Пелистер во Европската лига!

Редакција17 јул 2026
Ова се противниците на Еурофарм Пелистер во Европската лига!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) попладнево со жрепка во Виена го одреди составот на групите за новата сезона во Европската лига во која македонски претставник ќе биде вицешампионот Еурофарм Пелистер.

Битолскиот тим ќе игра во групата Г против германски Гумерсбах, шпанска Ла Риоха и полски ПГЕ Вибжеже Гдањск.

Групната фаза во новата сезона во второто по ранг европско ракометно клупско натпреварување ќе донесе рекорден број од 32 екипи поделени во осум групи, и ќе се игра од 29 септември до 2 декември 2026 година.

Првопласираните и второпласираните екипи во секоја група ќе обезбедат место за главната рунда, во која ќе им се приклучат и третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.