SportM
Фудбал

Овој напаѓач го бара половина Европа, на 43 меча има 43 голови, дали вреди 75 милиони?! (ВИДЕО)

Редакција4 апр 2025
Овој напаѓач го бара половина Европа, на 43 меча има 43 голови, дали вреди 75 милиони?! (ВИДЕО)

Неверојатниот Виктор Џокерес, кој ги тресе мрежите каде и да се појави, покажа што може да направи во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Португалија. Спортинг го победи Рио Аве со 2:0, а Швеѓанецот беше стрелец на вториот гол. Изведе удар од белата точка во судиското надополнување на првото полувреме, а тоа го направи на маестрален начин – речиси совршена „Паненка“.

Брилијантниот Џокерес беше брутален оваа сезона и е еден од најдобрите напаѓачи во светот. На 43 натпревари во сите натпреварувања, тој постигна 43 гола со 11 асистенции. Според податоците на специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ неговата вредност е 75 милиони евра. Го бара речиси половина Европа, односно голем број од фудбалските гиганти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.