Фудбал
Па, дали е можно, Мегвајер на трансфер листата на Манчестер Јунајтед?! Има ли заинтересирани?
Манчестер Јунајтед би можел да продаде дури седум фудбалери за да ослободи средства и да направи простор за потенцијалните пристигнувања. Откако во клубот беа доведени Џошуа Зирзке (42,5 милиони евра од Болоња) и Лени Јоро (62 милиони евра од Лил), се очекува гигантот од Олд Трафорд да претстави неколку нови лица во овој преоден рок.
Клубот ги очекува нови пристигнувања, а најчесто се споменува дека во црвениот дел на Манчестер би можеле да се преселат Мануел Угарте, Матијс де Лигт и Нусаир Мазрауи. За да се реализираат овие трансфери ќе мора клубот да продава, а англиските медиуми објавија список на кандидатите за трансфер листата.
Хари Мегваер, Скот МекТоминај, Ентони и Џејдон Санчо ќе можат слободно да го напуштат клубот доколку пристигне понуда за задоволување на челниците на Јунајтед. Во групата на можни продажби се и Виктор Линделоф, Арон Ван-Бисака и Кристијан Ериксен, кои се под договор за само уште една сезона.