Па, зошто е донесен на Мундијалот? Нејмар нема да игра ниту против Хаити
Редакција19 јун 2026

Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде во комбинација за дуелот против Хаити, извести бразилската федерација. Тој нема да патува за Филаделфија каде „кариоките“ ќе го играат вториот натпревар. Нејмар ќе биде во Њу Џерси и ќе се заздравува од повредата. Засега уште работи индивидуално во теретана и од медицинскиот тим му е забрането да има активности, кои бараат и физички контакт.
Последниот натпревар го одигра на 17. мај за својата екипа Сантос и со поставува прашање дали ќе биде подготвен за дуелот од третото коло против Шкотска на 25. јуни. Бразил во првото коло одигра нерешено 1:1 против Мароко.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



