SportM
Фудбал

Падна договор, ова е новиот клуб на Донарума!

E R13 авг 2025
Падна договор, ова е новиот клуб на Донарума!

Фото: tv21m

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, постигна договор за лични услови со Манчестер сити, објави Л’Екип.

Според францускиот медиум, агентот на италијанскиот голман, Енцо Раиола, преговара со клубовите од Манчестер веќе неколку месеци. „Граѓаните“ ќе започнат активна работа на овој трансфер кога ќе се договори заминувањето на Едерсон од англискиот клуб.

ПСЖ сака да добие околу 55 милиони евра за Донарума. Италијанецот игра за парискиот тим од 2021 година. Неговиот тековен договор е до летото 2026 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Донарума на 40 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.