SportM
Фудбал

Парма назначи 29 годишник за тренер, ова му е прв клуб, досега бил само поношник!

E R20 јун 2025
Парма назначи 29 годишник за тренер, ова му е прв клуб, досега бил само поношник!

Фото: tv21m

Италијанскиот фудбалски прволигаш Парма го ангажираше 29-годишниот Шпанец Карлос Куеста за нов тренер.
Со доаѓањето во Парма, шпански стратег влезе во историјата како најмлад тренер во една од петте најсилни лиги во Европа (Италија, Франција, Германија, Шпанија, Англија).
Во последните пет години, Куеста беше помошник тренер во Арсенал, а на клупата на Парма, со која потпиша двегодишен договор, го замени Кристијан Киву, кој го презеде Интер.
Куеста ја почна својата тренерска кариера на 18-годишна возраст во помладите возрасни категории на Атлетико Мадрид.
Од 2018 до 2020 година беше помошник тренер на кадетите на Јувентус, пред да добие покана од тренерот на Арсенал, Микел Артета,да се приклучи на неговиот стручен штаб во лондонскиот премиерлигаш.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.