Пато го пофали Гонсало Рамос: Го видов неколку пати, еве зошто е различен од другите напаѓачи
SPORTM.mk2 сеп 2026

Александре Пато е убеден дека Гонсало Рамос ќе блесне во Милан. Португалецот е најскапиот трансфер во историјата на црвено-црните, кои платија 75 милиони евра на ПСЖ ова лето за неговиот договор.
Во интервју за Газета дело Спорт, Пато објасни според неговото гледиште зошто Гонсало Рамос е различен од другите напаѓачи.
„Го видов неколку пати за време на Светското првенство. Тој е многу силен. Тој игра поинаква игра од онаа на класичниот центарфор затоа што оди длабоко за да учествува во градење на акциите и исто така може да се движи странично за да им помогне на своите соиграчи. Навистина се надевам дека ќе успее да постигне многу голови“, изјави бразилецот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



