SportM
Фудбал

Педри: Ова не смее да се повтори, говори по пресвртот против Виљареал и го пофалува соиграчот

SPORTM.mk22 ное 2026
Педри: Ова не смее да се повтори, говори по пресвртот против Виљареал и го пофалува соиграчот

Барселона оствари победа со пресврт од 3-2 против Виљареал, во натпревар од 13-тото коло на Ла Лига. Каталонците започнаа многу лошо, примајќи 2 гола во првите седум минути. Во второто полувреме се случи големиот пресврт.

По завршувањето на натпреварот, Педри, оценет како „MVP“ на мечот, се покажа критичен кон себе и соиграчите за слабиот почеток на натпреварот во првите минути и според него, ова не смее да се повтори, бидејќи вакви пресврти не се случуваат често.

„Го започнавме натпреварот многу лошо. Примивме два гола многу рано. Треба да работиме за да избегнеме вакви почетоци, затоа што не е секој ден дека ќе можеш да направиш пресврт против екипа како Виљареал“, рече Педри.

Запрашан за настапот на Френки де Јонг како централен дефанзивец, Педри изјави: „За мене, Френки е извонреден играч. Тој е спектакуларен, со највисок квалитет. Играл секаде: како страничен одбранбен, како централен дефанзивец… Благодарение на неговите квалитети, би можел да игра дури и како голман. Понекогаш е критикуван повеќе од што е потребно, но ако внимателно следиш што прави, ќе разбереш дека е играч од висок клас. Ни дава многу.“

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.