Педро Поро се стреми да премине во Барселона уште во јануари, но Тотенхем бара 70 милиони евра

Врската меѓу Педро Поро и Барселона може да стане реалност во наредните месеци. Според весникот ‘Спорт’, шпанскиот дефанзивец, кој моментално игра за Тотенхем, го идентификувал каталонскиот клуб како негова главна опција за следната сезона и нема намера да го продолжи престојот во Лондон.
Но, според Фабрицио Романо, постојат шанси сѐ да се реши уште побрзо: „Педро Поро ќе се приклучи на Барселона во јануари. Постојат многу тензии меѓу него и Тотенхем, додека играчот сака да освојува трофеи за време на својата кариера. Тоа е причината зошто веќе повеќе од една година инсистира на премин во Барселона.“
Главната пречка е финансиската вредност. Бидејќи ја продолжи договорот на дефанзивецот до 2031 година, Тотенхем бара 70 милиони евра за да го ослободи. Од друга страна, Барселона не е подготвена да понуди повеќе од 50 милиони и разликата од 20 милиони евра ја комплицира зделката.
Што се однесува до самиот Поро, тој со задоволство го прифати интересот на „блауганите“, велејќи: „Кога еден од најдобрите клубови во светот се интересира за тебе, тоа е секогаш извор на задоволство“. Интересен елемент во оваа приказна е неговиот однос со Ламин Јамал.
Двајцата создадоа блиско пријателство за време на настапите со репрезентацијата и многу се блиски и надвор од теренот. Станува збор за можноста за соработка на десната страна која веќе ги возбуди навивачите, но за тоа да стане реалност, најпрво мора да се постигне договор со Спарс.



