Перез со понуда до Винисиус Жуниор, Бразилецот сака плата како Мбапе!
SPORTM.mk4 авг 2026

„Телановела“ на обновувањето на договорот помеѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор продолжува и изгледа дека нема да заврши наскоро. Според најновите информации од ЕСПН, Реал Мадрид сега ја зголеми својата понуда, нудејќи му 22 милиони евра по сезона.
Сепак, Винисиус Жуниор продолжува да инсистира на 30 милиони евра, колку што заработува Килијан Мбапе. Уште една точка на несогласување е делот за бонусите и имиџот на играчот, каде крилниот напаѓач од Бразил повторно бара да има повеќе права.
Од друга страна, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да интервенира доколку не се најде заеднички јазик помеѓу Реал и бразилскиот напаѓач.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



