SportM
Фудбал

Пике е лут на навивачите на Каталонија поради навреда: Не е убаво тоа што го правите

Д М26 мар 2019
Пике е лут на навивачите на Каталонија поради навреда: Не е убаво тоа што го правите

Репрезентацијата на Каталонија ја победи Венецуела со 2:1 во пријателскиот натпревар минатата ноќ.

Сепак, овој натпревар беше обележан со скандирање на навивачите на Каталонија против Шпанија, а Пике не беше воодушевен од она што го слушна на трибините.

„Им реков да бидат тивки затоа што треба да покажат добар пример кога станува збор за навивање. Непочитувањето не може да се толерира. Нема потреба да се биде нетолерантен“, рече Пике.

Одлуката на Пике да игра за Каталонија откако се повлече од шпанската репрезентација предизвика голема дебата, но тој тврди дека немаше да го одигра овој пријателски натпревар ако се уште е поврзан со шпанската репрезентација.

„Луѓето кои не сакаат да разберат никогаш нема да разберат, ја донесов одлуката. Ако продолжев со Шпанија, немаше да дојдам да играм на овој пријателски натпревар“, заклучи Пике.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.