SportM
Фудбал

По 150.000 евра за секој, финансиска инјекција за клубовите од ПМФЛ

E R25 мар 2025
По 150.000 евра за секој, финансиска инјекција за клубовите од ПМФЛ

Фото: tv21m

Секој клуб од Прва МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема.

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.

Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).

Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.