SportM
Фудбал

По Дон Фернандез, Енрике подготвува нова „кражба“ во Барселона

SPORTM.mk7 сеп 2026
По Дон Фернандез, Енрике подготвува нова „кражба“ во Барселона

Откако го трансферира Дон Фернандез за 10 милиони евра во зимскиот преоден рок оваа година, ПСЖ работи на уште една „кражба“ во Барселона, за престојниот преоден рок во јануари.

Ел Насионал открива дека Луис Енрике бара од раководството на клубот да го трансферира Хамза Абделкарим, кој дебитираше за Барселона оваа сезона во Ла Лига, но минутите на теренот му се ограничени.

Енрике е целосно убеден дека Хамза ќе биде еден од најдобрите деветки во следната деценија, способен да го достигне нивото на Златан Ибрахимовиќ, Роберт Левандовски, Единсон Кавани или Ерлинг Халанд.

Отпусната клаузула на 18-годишниот Египќанец е само 15 милиони евра, што не претставува никаков проблем за Париз.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.