SportM
Фудбал

По една година Нејмар се врати на теренот, но одигра само два меча и повторно се повреди!

E R5 ное 2024
По една година Нејмар се врати на теренот, но одигра само два меча и повторно се повреди!

Фото: tv21m

Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар се повреди на синоќешниот натпревар со Естегал во азиската Лига на шампиони.

Бразилецот влезе во игра во 58. минута, но беше заменет 29 минути подоцна. Овој меч му беше втор по закрепнувањето од повредата на коленото. Нејмар паузираше од 18 октомври 2023 година.

– Почувствував многу силен грч. Ќе направиме преглед и се надевам дека не е ништо сериозно. Нормално е тоа да се случи една година по таа повреда, лекарите веќе ме предупредија, па треба да бидам внимателен, изјави Нејмар.

Ал Хилал победи со 3:0, трите гола ги постигна Александар Митровиќ. 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.