По хет-трикот против Алжир, Роналдо за Меси: Тој е најдобар!

Настапот на Лионел Меси против Алжир и трите голови, го однесе до 16 гола на Светските првенства, со што се израмни со Мирослав Клосе на самиот врв на вечната листа на стрелци и го надмина Роналлдо Назарио, или популарно нарекуван „Феноменот“ кој речиси 20 години го делеше второто место.
Со хет-трикот, Меси го престигна Роналдо и се израмни со апсолутниот рекорд. Наместо да биде разочаран што го загуби своето место, Бразилецот реагираше со голема почит.
Говорејќи за „Мундо Депортиво“, Роналдо даде јасен став за играчот кој штотуку го надмина во историските книги.

„Секој пат кога Меси ќе излезе на теренот, сè друго станува историско и елегантно. Време е светот да престане да се крие и да го прифати фактот дека тој е најдобриот играч на сите времиња, изјави Р9, додавајќи:
Тој продолжува да игра на врвно ниво секоја сезона, како и на Светското првенство, а сепак сè уште постојат сомнежи околу него. Ова е незаборавна и историска вечер која засекогаш ќе остане запишана во историјата.“



