По историскиот успех, познато е против кого Лина Ѓорческа ќе игра во првото коло на Вимблдон
Редакција26 јун 2026

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон и трите победи во квалификациите македонската тенисерка денеска ја доби ривалката. Таа во првата рунда ќе игра против Американката Аманда Анисимова.
Американката лани беше финалистка на Вимблдон, но убедливо беше поразена од Ига Швјонтек од Полска со 2-0 во сетови (60 60). Притоа Анисимова лани беше финалистка и на УС опен.
Противничката на Ѓорческа е рангирана како шеста носителка на турнирот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



