По неуспехот со Родри, Реал Мадрид донесува драстична одлука за средината на теренот, Мурињо го има подготвено планот

Кога сите очекуваа официјализирање на Родри од Манчестер Сити во Реал Мадрид, трансфер кој требаше да ја затвори трансфер пазарот за летово на мадридскиот клуб, светскиот шампион со Шпанија ја избра Барселона како своја нова дестинација.
AS открива дека по неуспехот на оваа опција, мадридскиот клуб одлучил да не направи никакво друго засилување во средниот ред за ова лето. Жозе Мурињо ќе се потпре на играчите од средината кои ги има на располагање и „празнината“ од Родри ќе ја покрие миленикот на „Посебниот“, Бернардо Силва.
Иако Португалецот е средишен играч со напаѓачки карактеристики, Мурињо е убеден дека неговиот сонародник може да го изведе најдоброто и во дефанзивниот аспект во средината на теренот. Моментално, Реал Мадрид одлучи да не следи ниту едно друго име за овој дел.



