SportM
Други

По пауза од две години, Надал стигна до финале

Редакција20 јул 2024
По пауза од две години, Надал стигна до финале

Рафаел Надал се квалификуваше за неговото 131. финале на АТП турнејата и прво по Ролан Гарос 2022 година!

Шпанскиот тенисер го покажа својот нескротлив дух и непоколебливост, совладувајќи го Дује Ајдуковиќ со 4:6, 6:3, 6:4 во меч кој траеше 2 часа и 12 минути.

Овој успех му дава можност на Мададорот да се бори за титула од АТП 250 турнирот во шведскиот град Баштад.

Во мечот за титулата ќе се соочи или со Нуно Борхес или со Тиаго Аугустин Тиранте.

Неговите обврски на теренот за тој ден, сепак, не завршуваат бидејќи тој има меч во двојки со Каспер Руд против Бразилците Рафаел Матош и Орландо Луж.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.