SportM
Фудбал

По поразот од Шкендија „летаат“ откази во Вардар, Аргентинецот не е повеќе тренер на „црвено-црните“

Редакција10 авг 2026
По поразот од Шкендија „летаат“ откази во Вардар, Аргентинецот не е повеќе тренер на „црвено-црните“

Тоа што се очекуваше, се случи Аргентинецот Кристијан Фабијани не е повеќе тренер на актуелниот шампион на Македонија. Како што информираше ФК Вардар, спогодбено е раскинат договорот, а одлуката стапува на сила веднаш. Ваквата ситуација доаѓа по поразот од Шкендија на домашен терен од 0:2 каде вардарци беа целосно надиграни. Веројатно, не е само причината поразот од Шкендија, туку и лошата европска епизода на Вардар кој експресно беше елиминиран и во квалификациите во ЛШ и во Конференциската лига на УЕФА.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.