Connect with us

Други спортови

Поднесена милионска тужба против Мајк Тајсон за мечот со Џејк Пол

Кипарската маркетинг агенција Медиер го тужела познатиот боксер Мајк Тајсон (58) за 1,5 милиони долари, тврдејќи дека го прекршил договорот со нив учествувајќи во мечот со Џејк Пол.

Компанијата со седиште во Лимасол ја промовира обложувалницата Рабона, а тужбата е поднесена пред Високиот суд во Лондон.

„Вистинската причина зошто Тајсон и неговата компанија Tyrannic набрзина и незаконски го раскинаа договорот е затоа што Мајк прифати договор и спонзорство со Нетфликс за да се бори против инфлуенерот Пол“, се вели во тужбата. Договорот беше потпишан во јануари, а раскинат веќе во март, па Медиер бара враќање на 800.000 долари од Тајсон за неисполнети услуги и уште 729.000 долари за залудно потрошени трошоци за производство и промоција.

Од друга страна, адвокатите на Тајсон тврдат дека Медиер го прекршил договорот затоа што не добиле одобрение од нивниот клиент за промотивниот материјал.

Да потсетиме, Пол го победи поранешниот апсолутен професионален шампион на светот до стадионот на НФЛ франшизата Далас Каубојс. Тајсон наводно заработил 20 милиони долари за учеството против повеќе од три децении помлад Јутјубер, а Пол двојно повеќе за мечот пред 70.000 луѓе.