Погба откри шокантни работи: Не зборував за тоа, бидејќи не се зборува за тоа

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба беше цел на критики во текот на неговата кариера.
Враќајќи се на „Олд Трафорд“ од Јувентус во 2016 година, тој стана играч кој на грб го има товарот на човек од 100 милиони евра, а впечаток е дека тие пари никогаш не ги оправда со играње на теренот.
Откако се врати во „црвените ѓаволи“, тој го освои само Лига купот на Англија и Лигата на Европа во 2017 година и тоа беше се, а самиот се „удави“ во сивилото на тимот од другите сезони.
Актуелниот светски шампион со Франција признава дека во текот на кариерата имал многу проблеми со психичкото здравје, без да зборува за тоа бидејќи поинаку не се зборува.
„Депресијата беше многу присутна во мојата кариера, но не зборувам за неа бидејќи не се зборува за неа. Понекогаш дури и не знаете дека е таму, само сакате да бидете изолирани од остатокот од светот. Едноставно сакам да бидам сам. Тешка работа“, изјави Погба и откри дека се започнало со Жозе Мурињо додека бил тренер на Јунајтед.
„Се започна кога бев со Жозе Мурињо во Манчестер. Си поставуваш прашања, се прашуваш дали си виновен, затоа што не си живеел такви моменти во животот.
Да потсетиме, Погба минатата недела доживеа уште една животна драма кога неговата вила беше ограбена за време на натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Ова не е прв пат годинава да се ограбуваат домовите на играчите на Манчестер Јунајтед, а претходно биле ограбени Виктор Линделоф и Џеси Лингард, а Манчестер Јунајтед го засили обезбедувањето по инцидентот и сега ќе патролира по домовите на играчите на Црвените Ѓаволи 24. часови на ден.



