Connect with us

Фудбал

Погледнете го лудилото во Минхен и голот во 96. минута за спас на Србија против Словенија (ВИДЕО)

Лука Јовиќ е херојот на Србија кој во 96-та минута постигна гол со глава и ја спаси Србија од пораз на мечот со Словенија. Мечот заврши со 1:1, а овој бод ја остава Србија во игра за следната рунда, се разбира доколку во третото коло слави против Данска. Вечерва од 18:00 часот играат Англија-Данска, а во моментов редоследот на табелата е: Англија 3 бода, Словенија 2, Данска 1, Србија 1.