Connect with us

Други спортови

Погледнете и уживајте: Целата убавина на тенисот во 60 секунди од еден поен во мечот меѓу Ѓоковиќ и Зверев (ВИДЕО)

Синоќа, на теренот „Филип Шатрие“ на Ролан Гарос, гледавме еден од најубавите тениски натпревари оваа година, во кој, по четири сета, Новак Ѓоковиќ го победи Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето.

Зверев го доби првиот сет со 6:4, а потоа Ѓоковиќ направи пресврт и ги доби следните три сета со 6:3, 6:2, 6:4. Во четвртиот сет го видовме најдобриот поен на Ролан Гарос досега кога Ѓоковиќ спаси брејк-поен додека водеше со 3:2.