Погледнете ја новата брука на Манчестер Јунајтед на домашен терен (ВИДЕО)
E R19 јан 2025

Фото: tv21m
Ниту Аморим не успеа да ги смени работите во Манчестер Јунајтед, а сите мислеа дека проблемот е во Тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ повторно разочараа, овој пат на домашен терен со пораз од Брајтон од 1:3.
„Црвените ѓаволи“ го претрпеа четвртиот пораз во последните шест натпревари во Премиер лигата и уште еднаш ги разочараа своите навивачи.
За Манчестер јунајтед ова беше 10-ти пораз сезонава по 22 одиграни натпревари.
Тимот од „Олд Трафорд“ го одигра 15. натпревар под водство на тренерот Рубен Аморим и го забележа седмиот пораз.
Манчестер јунајтед се наоѓа на 13. место на табелата со 26 бодови, додека Брајтон е деветти со 34 бодови.
Јунајтед ќе се соочи со Ренџерс во Лига Европа на 23 јануари.
Standings provided by Sofascore
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



