SportM
Фудбал

Погледнете што одбрани Столе Димитриевски во 94-та минута и ја сочува победата на Валенсија (ВИДЕО)

Редакција2 ное 2026
Погледнете што одбрани Столе Димитриевски во 94-та минута и ја сочува победата на Валенсија (ВИДЕО)

Валенсија и оваа сезона игра слабо, а во 11-тото коло ја забележа само втората победа оваа сезона. Славеа на гостувањето кај Елче со 1:0, а еден од заслужните за ова е токму нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Имено, тој во судиското продолжение, поточно во 94-та минута имаше фантастична интервенција со што практично ја сочува победата на Валенсија која поведе преку Садик во 69-тата минута, а нашиот голман со оваа и уште неколку интервенции придонесе за трите бода. Димитриевски беше и најдобро оценетиот играч на Валенсија на овој меч.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.