Фудбал
Погледнете што планира Манчестер Сити, ако Гвардиола замине, имаат мултимилионски план
Договорот на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната, а Граѓаните веќе имаат мултимилионски план да ги доведат најдобрите играчи во светот, пренесува англиски Мирор.
Имено, во поглед на можното заминување на Гвардиола по осум успешни сезони и 18 освоени трофеи, Сити подготви трансфер фонд кој ќе надмине 355 милиони евра.
Pep Guardiola's legacy at Manchester City will include a £300M+ transfer war chest if he decides to leave next year, ensuring his successor can continue to target the world’s top players. pic.twitter.com/QCrTV6Ck83
— Transfer News (@TransfersLlVE) September 10, 2024
„Силната финансиска позиција на Сити беше изградена на инвестицијата на сопственикот Шеик Мансур по неговото преземање на клубот во 2008 година. Сепак, одржливиот период на невиден успех под водство на Гвардиола му овозможи на клубот да отвори профитабилни комерцијални приходи кои дополнително се зајакнати со способноста на „Граѓаните“ да генерираат огромни суми преку тргување со играчи“, пишува Mirror.
Сити веќе работи на реновирање на „Етихад“, а во изминатите две години оствари профит од над 130 милиони евра. Сопственикот Шеик Мансур побара од претседателот на клубот Калдун Ал Мубарак да направи се што е потребно за да го задржи Гвардиола во Манчестер и по истекот на неговиот актуелен договор. Сепак, санкциите на УЕФА кои му се закануваат на Сити поради 115 наводни неправилности во работењето на клубот може да одиграат клучна улога во неговата конечна одлука.