Други спортови
Пол одговори на обвинувањата дека борбата со Тајсон е наместена
Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсон во боксерски меч кој предизвика многу полемики, а многу фанови веруваа дека исходот од борбата е наместен.
Имено, на едно видео се гледа дека поранешниот светски шампион се воздржувал да не го удри јутјуберот. Тајсон направи финта со левата рака пред Пол да почне да го следи, оставајќи го разоткриен. Меѓутоа, Мајк потоа ја запре раката и затоа многу фанови на социјалните мрежи веруваат дека борбата била наместена.
По тие обвинувања се огласи и самиот Џејк Пол, кој гостуваше во подкастот „Impaulsive“ на неговиот брат Логан Пол.
„Што сакаат луѓето? Сакаат да изгубам и тоа е единствениот начин да им биде забавна борбата. Ова е борба, ова е спорт. Понекогаш натпреварите од НФЛ завршуваат со десет поени на секоја страна и тие ќе бидат здодевни. Луѓето велат дека борбата била наместена бидејќи го гледале Тајсон како удира во фокусери, епа тоа е затоа што немало кој да му ги возврати ударите. Луѓето не ја разбираат мојата сила, брзина, способноста да ги избегнувам ударите, затоа Тајсон промашуваше, рече Пол.