Понуда од 90 милиони евра? Дани Олмо реагира на интересот од гигантот
SPORTM.mk8 окт 2026

Последниве недели постојано се зборува за интересот на Бајерн Минхен кон Дани Олмо. Баварскиот клуб го посакуваше Шпанецот уште кога беше дел од Лајпциг, но тогаш тој одбра трансфер во Барселона.
Вчера, различни медиумски извори во Шпанија соопштија дека Бајерн е подготвен да понуди до 90 милиони евра за Шпанецот од Барселона. Мундо Депортиво открива дека Барселона сѐ уште нема добиено официјална понуда за напаѓачот, но го потврдува интересот на баварскиот клуб.
Според извештајот, без оглед на интересот на Бајерн, Олмо останува мирен за својата иднина и е уверен дека ќе продолжи да биде дел од каталонскиот клуб до 2030 година, кога му истекува актуелниот договор.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



