Connect with us

Фудбал

Поради овој играч и потег, сега судиите со жолт картон го казнуваат секое соблекување на дресот (ВИДЕО)

Познатиот уругвајски напаѓач Диего Форлан е главниот виновник што секое соблекување на дресот по постигнување гол се казнува со жолт картон. Имено, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед практично ја „примора“ ФИФА да ги промени правилата и да казни со жолт картон играч кој ќе го соблече дресот при прослава на гол.

Во далечната 2002 година „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ му гостуваа на тимот на Саутемптон и славеа вредна победа со резултат 2:1. Херој беше токму Форлан, кој во 85. минута од натпреварот погоди по асистенција на Хуан Карлос Верон и му донесе три бода на клубот од Олд Трафорд. За Форлан, кој влезе во игра само шест минути порано, овој гол значеше многу и затоа при прославата на голот го соблече дресот. Тој не успеа веднаш да го облече и одигра речиси цела минута без дрес, што на крајот ја натера ФИФА да ги измени своите правила.

Инаку, Форлан на Олд Трафорд пристигна од Индепендиенте во 2002 година, но не ги оправда очекувањата во Театарот на соништата, па кариерата ја продолжи во Шпанија. Играше и за Виљареал, Атлетико Мадрид, Интер, Интернасионал, Серезо Осака, Пенарол и Мумбаи Сити и Кичи. За репрезентацијата на Уругвај одигра 112 натпревари и успеа да постигне 36 гола.