Поради знаме, полицијата извлече од толпата младо момче, фан на Барса и го претепа со пендраци (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона ја отворија новата сезона во првенството на Шпанија со убедлива победа на гостувањето кај Елче со резултат 5:0, но натпреварот остана во сенка на скандалозните сцени непосредно пред почетокот на средбата.
Имено, пред стадионот „Мануел Мартинез Валеро“ дошло до жесток конфликт во кој полицијата брутално ги нападнала гостинските навивачи.
🚨 FC Barcelona have issued a strong statement following incidents involving their supporters before the match against Elche:
• Barça condemn what they describe as the “disproportionate use of force” by police against club members and supporters.
• The club specifically… pic.twitter.com/t6cNheVDPn
— Sportica (@SporticaMedia) August 24, 2026
Инцидентот избил кога припадниците на безбедносните сили почнале да им ги одземаат реквизитите на навивачите на Барселона, односно знамињата на каталонското движење за независност.
На социјалните мрежи набрзо се појавиле вознемирувачки снимки на кои се гледа како полицајци извлекуваат еден млад човек од толпата, го соборуваат на земја и го тепаат со полициски палки.
Младиот навивач по полициската интервенција бил пренесен на лекарски преглед, по што ноќта ја поминал во притвор.
По повод овој немил настан итно се огласи и Барселона, остро осудувајќи ја несразмерната и неоправдана употреба на сила врз своите навивачи.
Од каталонскиот гигант нагласиле дека естеладата е целосно легален симбол и дека нејзиното истакнување претставува основно право на слобода на изразување.
Клубот порача дека му стои на располагање на повредениот млад човек и неговото семејство, нудејќи им ја сета потребна правна и медицинска помош.
Раководството на Барселона истакна дека од надлежните органи бара итно објаснување и одговорност за прекумерната употреба на сила.
Исто така, додадоа дека го задржуваат правото да ги преземат сите правни чекори со цел да ја заштитат безбедноста и правата на своите навивачи на сите гостински терени.



