Connect with us

Фудбал

Поранешниот играч на Лацио сега е бездомник, живее на улица со куче и му треба помош

Антонио Маурицио Скилачи, поранешен фудбалер на италијанските прволигаши Лацио и Палермо, сега е бездомник на Сицилија, а единствено што има е неговиот неразделен пријател, кучето.

Скилачи (62) играше во Серија А во текот на 1980-тите, а кариерата ја заврши во 1993 година во Ликата. Овој напаѓач покрај гигантите како Лацио и Палермо настапуваше за Римини, Месина и Јуве Стабија, но зависноста од дрога и сериозните повреди му ја завршија кариерата многу порано отколку што требаше. Последните години од неговата кариера се совпаднаа со неговата борба со зависноста од дрога, вклучувајќи кокаин и хероин. Сега, на 62-годишна возраст, тој се врати во родното Палермо, Сицилија. Сепак, на Маурицио Скилачи му треба помош. Поранешниот фудбалер живее на улиците на Палермо заедно со своето куче, без дом, а група загрижени волонтери започнаа кампања за помош.

Интересно, Маурицио Скилачи е прв братучед на легендарниот италијански напаѓач Салваторе Тото Скилачи, автор на шест гола на Светското првенство во 1990 година. Во тешка ситуација е и Тото Шилачи, кој му беше дијагностициран рак на дебелото црево и на почетокот на септември повторно беше примен во болница.