SportM
Кошарка

Поранешниот НБА кошаркар Нејт Робинсон се бори за живот

Редакција19 јун 2024
Поранешниот НБА кошаркар Нејт Робинсон се бори за живот

Поранешниот НБА кошаркар, Нејт Робинсон, кој има само 40 години, се наоѓа во критична состојба и се бори за својот живот. Робинсон помина десет години во НБА, играјќи за повеќе тимови, меѓу кои Њујорк, Бостон, Оклахома, Голден Стејт, Чикаго, Денвер, ЛА Клиперс и Њу Орлеанс.

Иако беше висок само 175 сантиметри, Робинсон три пати го освои натпреварувањето во забивање на Ол-стар (2006, 2009 и 2010 година), што го направи познат и почитуван меѓу љубителите на кошарката. Сепак, денес тој се соочува со најголемата битка во својот живот.

Робинсон, кој веќе 18 години се бори со бубрежна болест, за „Менс Хелт“ изјави дека ќе умре доколку наскоро не најде донатор за трансплантација. Неговата состојба е сериозна и му е потребна итна медицинска помош за да преживее.

Семејството и пријателите на Робинсон активно бараат донатор и се надеваат дека некој ќе се одзове на нивниот апел, за да му помогнат на овој талентиран и борбен спортист во неговата најтешка битка.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.