Португалија киксираше против ДР Конго

На првиот дуел од групата К Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1:1, со тоа фаворитот Португалија остана без планираната победа на стартот од Мундијалот, додека ДР Конго најави дека се подготвени за пласман во следната фаза.
Португалија поведе со голот на Жоао Невеш во 6.минута и како тоа да беше најава за триумф на фаворитот. Но, така не мислеа репрезентативците на ДР Конго особено откако во судиското надополнување на првиот дел (45+5) преку Јоани Виса го изедначија резултатот на 1:1.
Во вториот дел Португалците се обидуваа да стигнат до втор гол со тоа и до победа, но сепак натпреварот заврши со резултатот од првиот дел.
Во вториот дуел од групата во 04 часот по полноќ во Мексико Сити играат Узбекистан и Колумбија.
Вечерва од 22 часот се игра првиот дуел од Л групата меѓу Англија и Хрватска, а во 01 часот по полноќ играат Панама и Гана.



