Connect with us

Фудбал

Последниот танц на Маркo Ројс! Приказна за љубовта и за човекот кој честеше пиво цел стадион

Заврши една ера. Марко Ројс ја напушта Борусија Дортмунд по 12 години и втор мандат, откако помина уште една деценија како дете на клубот пред да се врати од Борусија Менхенгладбах. Последниот натпревар во дресот на милионерите во Бундеслигата го одигра во победата од 4:0 над Дармштад, а последниот меч во жолто-црно ќе го одигра в сабота во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на Вембли.

Приказната на Ројс со Дортмунд доаѓа до бајковит крај: гол и асистенција во неговиот последен настап во Бундеслигата против Дармштад.

Марко реши да ги почести сите 80.000 фанови со пиво на неговото збогување со Вестфален. Тој остави порака за сите навивачи на Борусија на стадионот.

лагодарам за се. Последна тура пиво од мене. Ваш Марко – напиша Ројс.