SportM
Фудбал

Последно збогување за Барези! Се очекуваат илјадници навивачи и личности, Ибрахимовиќ нема да присуствува

SPORTM.mk4 авг 2026
Последно збогување за Барези! Се очекуваат илјадници навивачи и личности, Ибрахимовиќ нема да присуствува

Во Милано денес се очекуваат илјадници навивачи за погребот на поранешниот капитен на Милан, Франко Барези, кој ќе се одржи во базиликата на Свети Амброзиј. Општината на Милано прогласи граѓанска жалост и знамето на градот ќе биде на половина копје во сите институционални седишта.

За да му се даде последно збогување на легендата на „росонерите“ ќе присуствуваат десетици поранешни фудбалери и институционални претставници, меѓу нив сопственикот на клубот Џери Кардинале, претседателот Паоло Скарони, раководителите и вработените на Милан, како и претседателот на Серија А, Ецио Симонели. За Италијанската фудбалска федерација ќе учествува генералниот секретар Марко Брунели.

Очекува се присуство на градоначалникот на Милано, Бепе Сала, претставници од Реал Мадрид и Барселона, претседателот на Интер, Бепе Марота, и поранешни соиграчи на Барези, од Паоло Малдини до Марко ван Бастен. Ибрахимовиќ ќе отсуствува.

Милан, кој е на турнеја во Перт, ќе биде претставуван од Пулишиќ и Хименез. На дербито против Интер, тимот ќе игра со црна лента на раката и пред натпреварот ќе се одржи една минута молчење.

„Курва Суд“ поставила транспарент: „Бесмртна легендо, неуморливо знаме што никогаш нема да престане да се вее. Довидување капитене!“

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.