SportM
Други

Постигнат договор за големата борба меѓу Џошуа и Фјури, се очекува само официјализација, еве ги деталите

SPORTM.mk19 сеп 2026
Постигнат договор за големата борба меѓу Џошуа и Фјури, се очекува само официјализација, еве ги деталите

Големата борба во тешка категорија во боксот меѓу двајцата британски боксери Тајсон Фјури и Ентони Џошуа се очекува да се одржи на 11 декември во Кардиф (Велс).

Веста сѐ уште не е официјализирана (британските медиуми потврдија дека е прашање на часови), но изгледа дека страните конечно постигнале договор за оваа многу очекувана борба на двајцата поранешни светски шампиони.

Се дознава дека мечот не се очекува да започне пред полноќ, па дури се размислува тој да се одржи во 02:00 часот наутро, за да биде гледан и во Америка. Се очекува за овој дуел да се продадат над 80 илјади билети.

Фјури (35 победи, 2 порази и 1 нерешено) и Џошуа (30 победи и 4 порази) се согласија борбата да се одржи во Обединетото Кралство и изгледа Кардиф е избрана локација пред Вембли и Њујорк.

Страните дискутирале и за датумите 28 ноември и 4 декември, но времето изгледа беше недоволно, па се согласија на 11 декември. Сега страните ќе ги завршат и бирократските делови пред да го официјализираат договорот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.