SportM
Фудбал

Постои уште мала можност, иако мала, Хулијан Алварез да замине од Атлетико Мадрид до недела

SPORTM.mk2 сеп 2026
Постои уште мала можност, иако мала, Хулијан Алварез да замине од Атлетико Мадрид до недела

Иако трансфер-пазарот во поголемиот дел од главните првенства е затворен, во Саудиска Арабија се затвора во недела на 1 септември. Иако шансите се мали, за да не кажеме, без никакви, различни медиумски извори од Саудиска Арабија известуваат дека Ал-Хилал ќе се обиде да го ангажира Хулијан Алварез, со понуда од 150 милиони евра.

Алварез се гледа како идеално засилување за нападот, по заминувањето на Карим Бензема, само по 6 месеци. Во случај на можност за понуда од Ал-Хилал, Атлетико Мадрид би прифатил ако понудата е 150 милиони евра, но проблемот е во желбата на напаѓачот.

Алварез сака само дресот на Барселона и не случајно го одби трансферот во Арсенал. За моментот, сѐ уште нема официјална понуда од страна на Ал-Хилал, но може да се случи до недела.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.