SportM
Кошарка

Потегот за кој зборува цела Шпанија: Кошаркар на Барселона со рака ја „тапкаше“ судијката по задникот на сред натпревар (ВИДЕО)

E R15 окт 2024
Потегот за кој зборува цела Шпанија: Кошаркар на Барселона со рака ја „тапкаше“ судијката по задникот на сред натпревар (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Кошаркарите на Барселона во третото коло го совладаа Тенерифе на гости со резултат 95:91, а шпанската јавност повеќе зборува за тоа што се случи во 34-тата минута,  отколку за резултатот. Главните улоги ги имаа Играчот на Барса, Дарио Бризуела и судијата Јасмина Алкараз. Бризуела беше во дуел под кошот со Фран Гера и направи прекршок кој го досуди Алкараз. Кошаркарот на Барселона во тој момент не размислувал добро, па кога Јасмина поминала покрај него, нежно ја тапкал со раката по задникот.

Тој потег често го гледаме како знак на признание дека судијата ја донел вистинската одлука, но Бризуела очигледно за момент заборавил дека не допрел машки задник, туку на жена.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.