Connect with us

Фудбал

Потоп на Барселона во Мадрид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона доживеаја неверојатен пораз во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот, во кој гостуваа кај Атлетико во Мадрид. „Јорганџиите“ славеа со 4:0.

Така мадридскиот тим зачекори кон финалето на ова натпреварување уште пред реваншот на стадионот Кампо Ноу, каде што на Каталонците ќе им биде потребно чудо за да го свртат резултатот во своја корист.

Атлетико  ја разби Барселона уште во првото полувреме, во кое ги постигна сите четири гола. Се почна со автоголот на Гарсија по шест минути игра, а потоа до полувремето се редеа головите на Гризман, засилувањето Лукман и Алварез.