Потврден македонскиот тим за Зимските олимписки игри Милано Кортина
Редакција22 јан 2026

Македонскиот Олимписки Комитет го објави официјалниот состав на македонската делегација што ќе ја претставува нашата држава на претстојните XXV Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во Милано и Кортина, Италија.
Македонскиот тим патува за Италија со четири потврдени олимписки норми. Честа да ги носат националните олимписки обележја и да се натпреваруваат со светската елита ја имаат следните спортисти:
Нордиско трчање (Крос-кантри):
Ана Цветановска – Дисциплини: Спринт и Интервал старт 10 км
Ставре Јада – Дисциплини: Спринт и Интервал старт 10 км
Алпско скијање:
Јана Атанасовска – Дисциплини: Слалом и Велеслалом
Мирко Лазарески – Дисциплини: Слалом и Велеслалом
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



