Повеќе од еден милион гледачи ги проследија првите 16 натпревари на Светското првенство

Повеќе од еден милион љубители на фудбалот присуствувале на стадионите за првите 16 натпревари на Светското првенство во фудбал 2026, соопшти ФИФА.
Иако на дуелите меѓу Република Кореја и Чешка во Гвадалахара и Катар и Швајцарија во Сан Франциско имаше видливи празни места на трибините, на останатите средби досега стадионите беа исполнети до последно место.
Според официјалната статистика на ФИФА, заклучно со понеделник присуствувале вкупно 1 028 429 гледачи, а просечната пополнетост на арените изнесува 99,34 отсто.
„Голема благодарност до сите страствени навивачи кои продолжуваат да ги полнат стадионите“, напиша на социјалните мрежи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Проекциите на светската куќа на фудбалот се дека до крајот на турнирот повеќе од шест милиони гледачи ќе присуствуваат на натпреварите.



