SportM
Фудбал

Повредата на Хари Кејн може да ја одреди иднината на Ендрик во Милан

SPORTM.mk24 ное 2026
Повредата на Хари Кејн може да ја одреди иднината на Ендрик во Милан

Сериозната повреда што ја доживеа Хари Кејн минатиот петок против Келн, може да влијае на иднината на бразилскиот напаѓач Ендрик. Според информациите од UOL, еден од имињата што Баерн Минхен го разгледува за замена на англискиот напаѓач е Николо Тресолди, кој блеска во Клуб Бриж.

Напаѓачот од 22 години веќе подолго време е следен од Милан, но ако Баерн Минхен реши да се вклучи во трката за трансферот на овој играч во јануарскиот преоден рок, Баварците би биле главните кандидати за да го потпишат Тресолди, независно од долготрајниот интерес на „росонерите“.

Во оваа ситуација, Милан ќе ја насочи вниманието кон друг профил што исто така го следат за нападот, а тоа е Ендрик. Сопственикот на „росонерите“, Џери Кардинале е голем фан на бразилскиот напаѓач и остави да се разбере дека е подготвен да плати преку 60 милиони евра за него.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.