Поврзани уште од детството, посебната посвета на Хари Кејн за сопругата по освојувањето на Златната топка

Хари Кејн ја освои Златната топка за 2026 година, признание за извонредните достигнувања што ги оствари англискиот напаѓач во својата кариера во изминатата година.
По освоената награда, освен вообичаените благодарности, 33-годишниот англиски напаѓач упати посебна пофалба и благодарност кон својата сопруга.
Обраќајќи и се на сопругата, тој изрази љубовни зборови, истакнувајќи благодарност за нејзината поддршка, нејзината близина и способноста да ги споделат и тешкотиите и радостите, како и најтешките моменти.
„Оваа награда е и за тебе. Да, успеавме!“, рече Хари Кејн обраќајќи се на Кејти Гудленд, со која се запознал и сврзал уште како деца.
„Ме поддржуваше и беше покрај мене од дете. Ова беше не само мојот, туку и нашиот сон, и без твојата поддршка, немаше да успеам“, додаде Кејн.



