SportM
Фудбал

Позната цената на влезниците за мечот Македонија-Казахстан!

E R19 сеп 2025
Позната цената на влезниците за мечот Македонија-Казахстан!

Фото: Denis Dukovski

У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу А репрезентациите на Македонија и Казахстан од квалификациите за СП 2026. Цените на влезниците изнесуваат 300,00 денари за западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 400,00 денари е цена на билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). 500,00 денари е цена на влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4);

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.

Натпреварот Македонија – Казахстан од 6. коло во групата за пласман на СП 2026 ќе се одигра на 13. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.