Познато е кога и против кого ќе дебитира новиот тренер на Манчестер Јунајтед!
E R31 окт 2024

Фото: tv21m
Португалецот Рубен Аморим првиот меч на клупата на Манчестер јунајтед ќе го има на 24 ноември против Ипсвич.
Тренерот на Спортинг и раководството на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ денес постигнаа целосен договор за условите за соработка објави денес „The Telegraph“.
Спортинг ќе добие отштета од 10 милиони евра.
Привремениот тренер на Манчестер сити, Руд ван Нистелрој ќе го води тимот на натпреварите против Челзи, ПАОК и Лестер. Аморим ќе работи за Спртинг уште три натпревари, вклучувајќи го и натпреварот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Се очекува денеска Спортинг да објави за договорот со Манчестер јунајтед. Аморим ќе потпише договор на две и пол години со опција за продолжување на уште една година.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



