SportM
Фудбал

Познато е кој ќе ја дели правдата на мечот Македонија-Ерменија во вторник во Скопје

Редакција7 сеп 2024
Познато е кој ќе ја дели правдата на мечот Македонија-Ерменија во вторник во Скопје

Харм Осмерс, 39-годишниот германски арбитер, ќе го суди вториот овосезонски натпревар македонските фудбалери во Лигата на нации, кога ќе ја пречекаат Ерменија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Натпреварот ќе се игра во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути, а македонската репрезентација ќе се обиде да ја забележи премиерната победа во групата Ц4, откако денеска во воведниот натпревар на гостински терен одигра нерешено 1-1 против Фарски острови.

Осмерс од 2016 година суди натпревари во Бундеслигата, а со знакот на ФИФА е од 2020 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.