SportM
Фудбал

Пред да се официјализира во Реал Мадрид, Карлос Еспи бил многу блиску до Барселона, зошто трансферот не успеал?!

SPORTM.mk17 сеп 2026
Пред да се официјализира во Реал Мадрид, Карлос Еспи бил многу блиску до Барселона, зошто трансферот не успеал?!

Карлос Еспи, кој изненадувачки се пресели од Леванте во Реал Мадрид за 25 милиони евра, два пати ги спаси „Лос Бланкос“ во првите шест недели од Ла Лига, откако со неговото влегување на терен и постигнатиот одлучувачки гол во последните минути, победата дојде за мадриѓаните.

Кадена СЕР открива дека пред да се пресели во Реал Мадрид, Еспи бил многу блиску до Барселона, но каталонскиот клуб одбил, бидејќи имал други планови за нападот.

„Неговиот агент го понудил на Барселона, но каталонскиот клуб, откако оценил дека тој е одличен играч, решил да не ја финализира зделката затоа што не сакал да плати 25 милиони евра за напаѓач кој не би бил стартер и не би добил многу минути.

Наместо него, Барселона се фокусирала на Хамза Абделкарим, кој неодамна ја обновил договорот до 2030 година“, открива Кадена СЕР.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.