Премиер лигата ја призна грешката, суспендирани ВАР судиите на мечот Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити
Редакција15 сеп 2026

Манчестер сити го доби градското дерби против Манчестер јунајтед со 1:0, но по натпреварот пристигнаа големи признанија од судиското тело на Премиер лигата.
Признаено е дека голот на Ерлинг Халанд требало да биде поништен поради влијанието на Енцо Фернандес, кој се наоѓал во офсајд.
Сепак, Сити бил оштетен во друга ситуација. Фил Фоден доби директен црвен картон по дуелот со Бруно Фернандес, но ВАР-собата требало да реагира бидејќи претходно капитенот на Јунајтед го удрил Фоден. Според дополнителната проценка, двајцата требало да добијат жолт картон.
Поради пропустите во ВАР-собата, судиите Мет Донаху и Блејк Ентробис нема да бидат делегирани за натпреварите овој викенд.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



